петок, 27 декември 2024

Рекордно високи температури во Грција, најтоплата зима од 1960 година

Грција забележа „рекордна просечна температура од Целзиусови 11,8 степени“ во текот на зимата 2023-2024 година, опишана како „најтоплата досега забележана во земјата“, изјави денеска за АФП Костас Лагувардос, директор за истражување во Атинската опсерваторија.

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа е највисоката просечна температура помеѓу декември, јануари и февруари“ забележана од 1960 година, кога почнаа да се собираат метеоролошки податоци во Грција, рече Лагувардос, повикувајќи се на прелиминарните податоци анализирани од одделот за климатски промени на Европската опсерваторија Коперник, кои неговиот тим ги анализирал.

Според Атинската опсерваторија, просечната максимална температура во Грција меѓу 1960 и 2024 година за зимскиот период покажува пораст од 1,8 Целзиусови степени.

„Температурите во текот на зимата 2023-2024 година беа повисоки од зимата 2015-2016 година“, која се сметаше за најтопла во последните децении, се вели во соопштението на опсерваторијата.

Лагувардос оцени дека поширокото подрачје на Атина, центарот и североисточниот дел на земјата, како и Кикладските Острови во Егејско Море и источен Крит во 2024 година би требало да се соочат со проблеми со суша.

Како и другите медитерански земји каде што температурите беа многу високи во 2023 година, Грција минатото лето помина низ една од најдолгите епизоди на топлински бран, обележана со разорни пожари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ