сабота, 19 октомври 2024
Премиерлига

Рекордните засилувања на Челси кумуваа за пораз, Вест Хем слави голема победа (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Вест Хем го доби лондонското дерби против Челси, „чеканите“ триумфираа со 3-1.

Резултатот беше отворен во 7. минута, Ворд Праус нафрли од корнер а Агерд беше највисок во скокот и го матираше Санчез за 1-0.

Челси стигна до изедначување двасетина минути подоцна, Чуквуемека одлично си направи простор и пласираше за 1-1.

Пред крајот на првиот дел „сините“ можеа да го свртат целосно резултатот но Фернандез промаши пенал.

Казната стигна во 53. минута, Антонио иако беше сам против двајца дефанзивци, се ослободи и од врвот на шеснаесетникот погоди за 2-1.

Вест Хем потоа остана со играч помалку, но Челси не знаеше да ја искористи бројчаната предност, а длабоко во судиското надополнување, Каиседо направи пенал, па Пакета од белата точка ги реши сите дилеми и стрелаше за 3-1.

На првиот денешен натпревар во Премиерлигата, Астон Вила со 4-0 го совлада Евертон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ