понеделник, 21 октомври 2024

Рекордни 7,3 милиони туристи ја посетиле Турција во јули

Во јули Турција ја посетиле 7,3 милиони туристи, што е за 2,6 отсто повеќе во однос на истиот период лани и претставува рекорден број посетители на месечно ниво, соопшти Министерството за култура и туризам на земјата.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Во јули, бројот на туристи од Германија се зголеми за десет отсто на годишно ниво на повеќе од еден милион, како и бројот на посетители од Велика Британија за 15 отсто на 660 илјади, од Полска за 17 отсто на 319 илјади и од Иран за 25 отсто на 312 илјади.

Ако се анализираат податоците за периодот од јануари до јули, бројот на туристи кои ја посетиле Турција се зголемил за 8,27 отсто во споредба со претходната година, достигнувајќи 28,98 милиони.

Вклучувајќи ги 4,49 милиони турски граѓани кои се вратиле од странство, вкупната бројка достигна 33,47 милиони, според министерството.

Реномираниот туристички град Анталија на турската ривиера привлече најголем број странски посетители, со 2,6 милиони.

Истанбул, најголемиот град во Турција по население, се рангираше на второто место со 1,9 милиони посетители минатиот месец.

Блумберг неодамна објави дека Турција повторно е интересна дестинација за странските инвеститори, наведувајќи дека од мај минатата година во таа земја тие инвестирале повеќе од 30 милијарди долари.

Инвеститорите веруваат дека локалната економија закрепнува на крилата на рестриктивната монетарна политика на министерот за финансии Мехмед Шимшек.

Странската сопственост на турски акции и обврзници сега е на највисоко ниво во последните пет години, а инвеститорите веруваат дека турската економија станува постабилна.

Турската централна банка во јули објави дека враќа депозит од 5 милијарди долари од Саудиска Арабија, сигнализирајќи им на аналитичарите дека Анкара е уверена во нејзината способност да ги обнови девизните резерви.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ