сабота, 28 декември 2024

Рекордна просечна плата од 34.925 денари, Битиќи ветува дополнителен раст за 10-20 отсто

Објавено на

часот

Сподели

Индексот на исплатената нето плата за месец март 2023 споредена со исплатената просечна нето плата по вработен за март 2022, посочува Битиќи, е 112,4 и веќе се доближува до индексот на трошоците на живот (инфлација) кој за месец март според ДЗС изнесуваше 114,7. Трендот на намалување на инфлацијата, според него, ќе продолжи и понатаму во текот на оваа 2023 година, а тоа го покажуваат и сите релевантни институции во своите проекции: НБРСМ, Светска Банка, ММФ.

„Оваа влада со носењето на предвидливи и конзистентни економски политики и понатаму ќе овозможи константно зголемување на стандардот на своите граѓани чии плати се очекува да продолжат да растат 10-20% во наредните неколку месеци. Дополнително креираме нови високо платени работни места, носејќи инвеститори кои воведуваат нови технологии и чии производи и услуги имаат висока додадена вредност, што неодминливо ја зголемува продуктивноста на целокупната домашна економија, а тоа е основниот двигател на растот на платите кои се повеќе и повеќе ќе растат“, наведува во објавата вицепремиерот Фатмир Битиќи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ