петок, 18 октомври 2024

Рекордна победа на македонските ватерполисти

Објавено на

часот

Сподели

Македонија со убедлива игра и во одбраната и во нападот ја„ удави“ Турција и најавија сериозен пласман на ова ЕП. Истовремено со убедливиот триумф им се одмаздија на Турците за срамниот пораз пред две години на континенталниот шампионат во Загреб (Хрватска), кога завршивме последни.

Дека нема да имаат проблем против Турците ватерполистите најавија уште во првата четвртина, кога по водството на противникот одговорија со три гола. Двапати стрелаше Мирослав Ранџиќ, а еднаш Борис Летица, кои мечот ќе го завршат како најдобри стрелци.

Водството со три гола беше само најава за сигурен триумф, затоа што Турција немаше идеја во нападот. Во следните две четвртини, мрежата на Далибор Перчиниќ ќе остане незатресена, а македонските ватерполисти ќе постигнат осум гола за двоцифрена предност од 11-1.

Едноставно и како на тренинг, турската мрежа ќе ја полнат Даниел Бениќ, Благое Ивовиќ, Игор Рачуница, Иван Вуксановиќ, како и стрелците во првата четвртина, Ранџиќ и Летица.

Македонските репрезентативци убедливата игра ја продолжија во четвртата четвртина, кога Игор Милановиќ даде два гола за преубедливи 13-1, по што Турција некаде на средината на периодот, конечно ќе даде гол (до тогаш имаше реализација од пет отсто).

До крајот, за Македонија гол даде и Димитар Димовски, а уште по еден Ранџиќ и Летица, а Хантал со вториот гол на мечот (првиот го даде за водство), Бијик и Кагатај, го поставија конечниот резултат 16-4. Убедливиот триумф е фантастична најава за утрешниот дуел со вечниот ривал Грција, исто така од 13 часот.

Македонија атакува најмалку на повторување на успехот од пред четири години на ЕП во Малага, кога го освоивме седмото место. Ова е трето ЕП за македонското ватерполо, кое бележи успеси со натурализирани Срби, Хрвати и Црногорци, а имаме и настап на СП во 2009 година во Рим во овие четири години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ