Како што појасни Трајков, големата бројка на спријавени стрип автори се должи пред сѐ на засилената работа и контакти со млади таленти од земјава, како и меѓународната соработка што ја има СЦМ-Велес.
„Многу радува податокот за откривање на нови стрип имиња од македонската стрип сцена коишто заслужуваат поголема афирмација и внимание.Тоа е секако одраз и на реализацијата на соработка со училиштата ширум државата, како и со ликовните педагози. Исто така и медиумската промоција на стрип настани во странство на коишто учествува македонската стрип сцена секако дека има позитивно влијание“, потенцира Трајков.
Додава дека за меѓународните стрип контакти останува постојаната соработка со стрип сцената од поранешните југословенски републики, а застапени се и автори од сите континенти, има од Тајван и Америка.
„За зголемување на нивниот број придонес дава и зголемената поддршка од страна на донаторите како на пример: зголемен фонд на награди, работа на меѓународни жири и други активности“, потенцира Трајков.
Меѓународниот стрип салон во Велес, како и другите придружни активности е финансиран од Министерството за култура и Општина Велес.