Младинскиот репрезентативец на Македонија, Петар Атанасијевиќ имаше ден кој вечно ќе го памети, тој на еден меч даде дури 32 гола, што е рекорд во македонскиот ракомет.
Девет гола даде во првото полувреме, а дури 23 во вториот дел од мечот кој Пелистер го доби убедливо со 57-16.
Атанасијевиќ за еден гол го надмина претходниот рекод кој го држеше Златко Димитровски кога во дресот на Тиквеш постигна 31 гол на еден меч.