понеделник, 10 март 2025

До почетокот на туристичката сезона ќе заврши реконструкцијата на патот од Охрид до Свети Наум

Реконструкцијата на патниот правец од Охрид до Свети Наум продолжува и е предвидено да биде завршен до почетокот на туристичката сезона, објави вицепремиерот, Александар Николоски на својот Фејсбук-профил.

Објавено на

часот

Сподели

„Коловозот се реконструира и се предвидени одредени проширувања на коловозните ленти со што ќе се зголеми безбедноста и ќе се олесни движењето за време на туристичката сезона.

Продолжуваме со реконструкција на магистралните патиштата преку инвестиции на Јавното претпријатие за државни патишта. Ја градиме Македонија“, напиша Николоски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ