сабота, 27 јули 2024

Реконструирана е улицата „Мите Богоевски“ во Општина Аеродром

Објавено на

часот

Сподели

На улицата „Мите Богоевски“ беше поставен нов асфалт и целосно се обновени тротоарите во должина од 1.245 метри, а поставена е и хоризонтална и вертикална сигнализација. Станува збор за проект кој го реализира Општина Аеродром, со средства од Светска Банка, добиени преку Министерството за транспорт и врски.

Градоначалникот Муцунски, објавувајќи го видеото на својата Фејсбук страница, потенцираше дека посебно се радува за инфраструктурните инвестиции и на нивната реализација. „Вработените во Општина Аеродром секогаш пристапуваат со многу енергија затоа што тоа се инвестиции кои значат многу за граѓаните, но и проекти од кои бенефит ќе имаат и идните генерации. Новите инфраструктурни проекти ги решаваат најважните проблеми и предизвици на граѓаните. Новите улици и паркови, како и завршување на низа важни проекти на повеќе локации во општината говорат за посветена и одговорна работа и успешно завршениот инфраструктурен циклус“, вели Муцунски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ