Според нашите информации, фирмата не ги испочитува предвидените обврски за одговорно и совесно и навремено извршување на задачите согласно техничката спецификација. Марковски компани, како ангажиран оператор со неодговорно постапување, покрај тоа што во континуитет не успевал да ги испорача договорените количини на јаглен, директно ја загрозил енергетската стабилност на државата, велат нашите информации.
Од ЕСМ ја потврдуваат оваа информација. Од РЕК Битола повеќе детали најавуваат во текот на денот.
А.Д.