четврток, 19 септември 2024

РЕК Битола е еден од најголемите загадувачи во Европа со сулфур диоксид

Загадувањето со сулфур диоксид (SO2) од застарените термоелектрични централи од Западен Балкан се зголемува. Загадувањето со прашина и азотни оксиди (NOx) од електраните што користат јаглен ги надминува законските гранични вредности. РЕК Битола, заедно со термоелектраните на јаглен Угљевиќ и Какањ во Босна и Херцеговина и Костолац А2 во Србија се едни од најголемите загадувачи во Европа со сулфур диоксид.

Објавено на

часот

Сподели

Дозволените годишни граници на загадување на воздухот со сулфур диоксид лани се надминати за 10 пати, пишува во извештајот „Усогласи или затвори“ на Bankwatch за 2023 година. ,Во извештајот се нотира дека и натаму се занемарувааат должностите за спроведување на законите од страна на владите. Пред шест години и од Македонија беше потпишана Спогодбата на Енергетската заедница за загадувањето со сулфур диоксид од термоелектричните централи што користат јаглен. Овие стандарди станаа дел од националните планови за намалување на емисиите на Босна и Херцеговина, Косово, Македонија и Србија. Но и натаму, и лани и преклани, емисиите беа повеќе од пет, шест пати од дозволеното.

Загадувањето со прашина и со азотните оксиди и натаму е над дозволеното, но ниту една влада нема преземено мерки или да ги казни операторите на термоцентралите.

„Владите и операторите се одлучни во тоа да го ‘исцедат’ секој можен киловат електрична енергија од нивните стари термоцентрали, независно од здравствените последици од тоа. Националните планови за енергија и клима (НПЕК) мора да дадат јасен патоказ за исфрлање на јагленот од употреба, но, досега потфрлаат во тоа. Во Северна Македонија планираното затворање на термоелектраните се одложува, а не се презема ништо за да се намали загадувањето од нив. Операторите не смеат да се однесуваат вака – централите мора или да се затворат или да се усогласат со правилата за контрола на загадувањето“, вели Давор Пехчевски, Координатор за енергија на Балканот во Bankwatch.

„Наодите од извештајот се исклучително загрижувачки, особено делот дека емисиите од електраните воопшто не се мерат, туку само паушално се пресметуваат. Тие се обврзани да обезбедат континуирано мерење на загадувањето што го предизвикуваат, но ниту таа обврска не е исполнета. Очигледно е дека и понатаму се планира отворање на нови јагленокопи со што инвестициите се насочуваат таму наместо кон намалување на загадувањето и кон енергетска трансформација. Потребно е да се
забрза веќе планираното постепено и етапно заменување на застарената опрема со иновативни технолошки решенија во преминот кон обновливи извори на енергија“, изјави Жарко Конески, програмски координатор за енергија во Еко-свест.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ