четврток, 12 декември 2024
Марко Бислимоски од Атина

Регулаторите уште од сега ќе прават план за афтершоковите од цените на струјата за следната грејна сезона

Објавено на

часот

Сподели

Во пресрет на состанокот Бислимоски вели дека како се приближуваа крајот на грејната сезона за граѓаните, за регулаторите постои само почеток на нова грејна сезона и поради тоа „ќе разговараме стратешки да се поставиме за афтер шоковите и можните сценарија кои не очекуваат во пресрет на следната зима“. 

„Енергетската криза покажа дека најдобар одговор е координиран одговор на Европа и максимално зголемување на енергетската независност на секоја земја. Сведоци сме дека се реактивираа Термоцентралите, но агендата за зелена енергија мора да продолжи и реформите и инвестициите мора да имаат континуитет и 100 отсто реализација. Ќе се позиционираме стратешки недвосмислено, затоа што сигурно, стабилно и непречена испорака на електрична и топлинска енергија е приоритет за сите регулатори од Енергетска заедница“, рече Бислимоски, кој во втор мандат заседава како претседател со бордот на регулатори на Енергетска заедница.

Во декември 2019 година, претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), едногласно беше избран за претседател на Бордот на регулатори на Енергетската заедница на тогашниот редовен состанок, а во ноември 2021 година доби втор, двегодишен мандат.

Состаноците на енергетската заедница традиционално се одржуваат во Атина, освен Македонија, земји- членки се и Србија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Молдавија, Грузија, Украина и Албанија.

Претходниот состанок во Атина се одржа на крајот од декември минатата година. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ