сабота, 27 јули 2024

Регионалниот пат Велес-Градско од 9 до 16 часот затворен за сообраќај

Поради поставување на заштитна мрежа на регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, и денеска, трет ден, ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 9 – 16 часот, соопшти АМСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Задолжително е за возачите да поседуваат зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ