петок, 26 јули 2024
Став на лидерот на Народно движење

Реџепи: Опозицискиот блок нема обединувачки лидер затоа одат со Самоопределување

Претседателот на Народно движење, Скендер Реџепи – Зејд смета дека Европскиот сојуз за промени со кандидати од косовското Самоопределување на изборните листи всушност прават обид да победат на изборите во рамки на албанскиот политички блок во отсуство на обединувачки лидер меѓу нив. Тој разговарал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за заеднички изборен настап.

Фото: Фејсбук

Објавено на

часот

Сподели

Во разговор за порталот индекс.мк, не наведувајќи детали, Реџепи рече дека имал средба со Ахмети и дека разговарале за можна соработка на двете партии.

Според него, кандидатурата на Арбен Таравари за претседателските избори веројатно ќе повлече и кандудатура од ДУИ.

„Токму претседателските избори ќе бидат пресметка меѓу партиите од албанскиот блок и очекувам борба за секој глас“, рече Реџепи.

Во врска со Самоопределување на косовскиот премиер Аљбин Курти, Реџепи посочи дека станува збор за „маска“ на опозицијата преку која ќе се обидат да победат на изборите во отсуство на обединувачки лидер меѓу нив.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ