петок, 13 декември 2024

Редовното годишно собрание на ФФМ во знакот на 30 години од приемот во ФИФА и УЕФА

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска го одржа Редовното генерално собрание, а тоа беше во знакот на 30-годишнината од приемтот на нашиот фудбал во ФИФА и УЕФА.

Објавено на

часот

Сподели

На 16. јуни 1994 година во Чикаго, Фудбалскиот сојуз на Македонија стана полноправна членка на Светската фудбалска федерација (ФИФА).

Денешното Редовно собрание на ФФМ беше во знакот на јубилејот, 30 години од приемот на Македонија во ФИФА и УЕФА, па сите делегати кои беа присутни добија дрес со бројот 30.

На собранието присуствуваа 58 од вкупно 60 делегати, тие ги усвоија следните точки на дневниот ред: завршна сметка за 2023, извештај од независен ревизор за 2023, извештај од надзорен одбор за 2023, потврдување на одлука за суспензија на ОФС Струмица, извештај од претседателот на УО на ФФМ, извештај од администрацијата за исполнување на стратешки планови, буџетот за 2024.

„Како дел од ФФМ, среќни сме што во Општинските фудбалски Сојузи имаме одличен партнер. На тој начин градиме уште посилна федерација со подобра структура, но и одлични односи со другите асоцијации“, изјави генералниот секретар на ФФМ, Наталиа Илиевска Божиновска.

„Секогаш ќе ја помагаме својата база. Затоа и во иднина ќе ве повикувам да разговарате, да се борите, да работиме заеднички, да даваме придонес во насока на унапредување на македонскиот фудбал“.

„Ние сме еден тим. Тоа значи дека заеднички се трудиме да одговориме на сите, па и на тешки прашања и проблеми. Мораме и во иднина јасно да го препознаеме секој проблем и јавно да ја посочиме неправилноста на која наидувам“.

„Како ФФМ, се трудиме фудбалот да биде модел – место каде што се почитуваат правилата и им се дава шанса на сите“.

„Ние сме мала федерација, но добиваме многу од нашите пријатели од УЕФА и ФИФА. Тие се нашите партнери. Организации кои навистина се грижат за вистинските фудбалски вредности. Организации кои им даваат целосна поддршка на сите свои членки кои имаат за цел да реализираат значаен проект за нашиот спорт“.

Претседателот Сејдини се пофали дека тој и останатите во ФФМ добро си ја вршат работата и целат да бидат уште поуспешни во иднина.

„Ова за нас, како раководство на Фудбалската федерација на Македонија не е нов почеток, но веројатно е еден од најкомплексните периоди од работата во федерацијата. Одново да им помогнеме на другите да ја видат Фудбалската федерација на Македонија на начин на кој што ја гледаме ние. Модерна и прогресивна. Се сметам за посветена личност, а односот кон сите обврски во изминатата година даваат оцена и приказ за мојата работа, но и работата на целата федерација. Сметам дека многу работи во нашата Фудбалска федерација функционираат доста добро, но знам дека има и работи што можеме да ги подобриме. Секако, за јавноста успехот на најдобрата репрезентација е мерило за успех и на федерацијата, но тоа сепак не е единствената обврска за нас. Затоа целта е да бидеме успешни и во другите сегменти за кои ФФМ треба да се грижи, да посветува време и внимание, да обезбедува и распределува средства и се разбира во активностите и проектите да бидат вклучени сите фудбалски региони во државата“, кажа Сејдини.

Сејдини кажа дека развојот на инфраструктурата треба да се шири и надвор од Скопје, па затоа инвестирале во терени во Дојран, Илинден, Тетово и други места низ државата.

„Развојот на инфраструктуата треба да се шири и надвор од Скопје. Токму затоа инвестираме во терени во Дојран, Илинден, Липково, Тетово, Куманово и Радовиш, изградба и реконструкција на соблекувални во Илинден, Липково, Драчево, Свети Николе, Кравари, Велес, Демир Капија, Добридол, Куманово, Кичево и Кочани. Сите ние во фудбалот сме долги години и на сите нас ни е јасно дека само резултатот може да ги донесе навивачите на стадион. Успехот на терен го зголемува интересот и го враќа угледот на репрезентацијата. Заслужни за тоа се фудбалерите и стручниот штаб. Наша обврска е да им ги обезбедиме сите услови и сигурен сум дека е така. Но, наше е и да се стремиме кон добри резултати, посебно во Лига на нации во група во која објективно сме фаворити. Убеден сум дека истото го мислат и селекторот и стручниот штаб во А селекцијата. Во рамки на федерацијата, знаете и сите вие, стремежот е секој оддел да има своја автономија. Почнувајќи од натпреварувачката комисија, младинските сектори или Комисијата за женски фудбал, па се до Судиската организација. Тоа значи и поголема одговорност за сите нив. Сите тие сметам дека професионално ја вршат својата работа и поради тоа Федерацијата е брана за сите евентуални удари кон нив. Она на што особено сум горд се пријателствата и контактите што ги имаме во Европа и Светот. Имаме исклучителен однос со претседателот на УЕФА, Александар Чеферин и со останати влијателни луѓе од УЕФА и ФИФА. Тие знаат дека во ФФМ имаат сигурен партнер за сите идни проекти. Тоа е од взаемна корист. Во година во која одбележуваме три децении од членството во УЕФА, не можевме ниту да сонуваме подобар однос со Европската фудбалска асоцијација“.

Првиот човек на ФФМ кажа и дека инвестициите во младинскиот и женскиот фудбал се најголеми во историјата, а воедно македонската лига е интересна и неизвесна.

„Тука сме и со кренати глави стоиме пред вас претставувајќи го извештајот за постигнатите резултати согласно планираното. Работиме со континуитет и ќе продолжиме да инвестираме пред се во инфраструктурата. Лигата е интересна и неизвесна, а вложувањата во младинскиот и женскиот фудбал се најголеми во историјата. Извештајот што го имате пред вас најдобро го покажува обемот на активности и проекти на Фубдалската федерација на Македонија. Од се срце им благодарам на сите вработени во ФФМ, на Вас, делегатите на Собранието и членовите на Управниот одбор, на клубовите, тренерите, фудбалерите, судиите и целиот фудбалски персонал за придонесот во развојот на македонскиот фудбал. За мене, вашиот квалитет и работа ја надминува реалната рамка на државата. Она што заеднички го правиме е над сите очекувања. Потврда за тоа е видеото во кое ги гледаме најголемите инвестиции на ФФМ во изминатиот период. Штип, Велес. Охрид, Чаир, Битола, Чепчиште, Скопје. Уште еднаш благодарност до сите вас што ја прифаќате основната улога и функција на фудбалот“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ