сабота, 27 јули 2024

Редица пред Арена!

Објавено на

часот

Сподели

Околу половина час се чека за да се купат скапоцените парчиња хартија за да се присуствува на ракометниот спектакл. Порталот balkan-handball.com денеска објави дека 40 луѓе стрпливо чекале во ред за да дојдат до билетите.

„Дајте ми 30 билети“, рекол на српски еден навивач, кој според порталот имал македонски акцент.

„За сабота (Данска) и за среда (Србија), а за понеделник ќе видиме (Полска)“, додал купувачот, прашувајќи дали сè уште има билети во продажба.

„Голема е Арена, има билети, но од утрово трибините се пополнуваат со голема брзина“, им одговориле од благајната.

Според известувачот, купувачите не „пазарат“ само за себе, туку и за пријатели. Некој можеби ќе се офајди од утре до среда и со препродажба. На благајната покрај домашни навивачи, очекувано има и Македонци, а Белград трие раце по тоа што го виде во Ниш, затоа што очекува наплив на нашинци.

Дневните билети за Арена изнесуваат од 10 до 80 евра. Македонските туристички агенции веќе денеска излегоа со понуди за организирано патување, но и аранжмани за четиридневен престој во српската престолнина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ