вторник, 24 декември 2024

Речиси недопрени остатоци од мамут најдени во сибирскиот вечен мраз (ВИДЕО)

Сибирски научници спроведуваат тестови на млад мамут чии неверојатно добро сочувани остатоци се откриени во стопен пермафрост по повеќе од 50.000 години.

Фото: принтскрин

Објавено на

часот

Сподели

Суштеството, кое личи на мал слон со сурла, е извадено од кратерот Батагаика, огромна вдлабнатина длабока повеќе од 80 метри, која се шири како резултат на климатските промени.

Трупот тежок повеќе од 110 килограми е изнесен на површина на импровизирана носилка, изјави Максим Черпасов, раководител на лабораторијата на музејот на мамути „Лазарев“ во градот Јакутск.

Тој рече дека мамутот веројатно бил стар нешто повеќе од една година кога умрел, но тестовите ќе им овозможат на научниците да направат попрецизна проценка. Посебно необично беше фактот дека неговата глава и сурла беа зачувани.

„По правило, делот што прв ќе се стопи, особено сурлата, често го јадат современите предатори или птици. Овде, на пример, иако предните екстремитети веќе се изедени, главата е извонредно добро сочувана“, изјави Черпасов за Ројтерс.

Тоа е последното во серијата спектакуларни откритија во рускиот вечен мраз. Во ноември научниците во истиот огромен североисточен регион, познат како Саха или Јакутија, покажаа остатоци од 32.000 години старо младенче од мачка со сабјасти заби, додека во почетокот на годинава беше откриен 44.000 години стар труп на волк.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ