сабота, 27 јули 2024

Рецензија: Самсунг галакси С24 ултра е врвен дигитален придружник

Во свет каде што денот не може да си го замислиме без телефонот, самсунг галакси С24 ултра се појавува не само како уред, туку и како вистинско волшебно стапче за модерното време.

Објавено на

часот

Сподели

На тестирањето на новиот самсунг галакси С24 ултра му пристапив со ентузијазам како да одам на патување, затоа што не бев сигурна како сѐ што знаев или претпоставував за неговите карактеристики се вклопува во секојдневното користење на телефонот за вообичаените активности.

„Анбоксинг“ (Unboxing) или портал кон иднината

Во моментот кога ќе го подигнете капакот на кутијата на галакси С24 ултра, како да отворате портал кон иднината. Уредот во елегантна, еколошка амбалажа чека да биде откриен. И еднонеделното секојдневно откривање започна. Првиот впечаток е пресуден, а во случајов ме освои титаниумската сива боја, нема што, ем моќно и деловно, ем елегантно.

Совршена комбинација на титаниумски допир и стаклен штит

Во титаниумските рабови што ја привлекуваат светлината, цврстината се среќава со софистицираноста. Од аспект на дизајн, мислев дека можеби ќе ми недостигаат заоблените рабови на претходните галакси-генерации, но секојдневното користење и неколкуте инциденти како истурено кафе и пад од џеб ме разубедија. Горила глас армор (Gorilla Glass Armor), кој го обвива екранот, се покажа како цврст штит против нападите од клучевите, монетите и сето она што може да го најдете во една женска чанта, дури и кога е најорганизирана. Телефонот импресионира со издржливоста.

Прозорец кон други светови

Едно движење со прстот и самсунг галакси С24 ултра оживува, а неговиот неверојатно светол екран открива живописни светови. Уживав во содржина прикажана низ богатство од заситени бои на рамниот 6,8-инчен самсунг АМОЛЕД-екран (резолуција 1440 x 3120 пиксели) од раб до раб. Брзо се навикнува човек на совршена површина што прави сè, од обичното проверување е-пошта до гледањето епски филмови да биде магично искуство.

Брзината на освежување е како лизгање низ облаци за оние што како мене уживаат да прелистуваат по социјалните мрежи. Откритие ми беше Вижн бустер (Vision Booster), кој се грижи за зачувување на читливоста на екранот дури и под силна сончева светлина, значи ќе се гледаат многу серии летово на плажа.

Е сега, ако имавте навика да си го користите екранот на телефонот како огледало заборавете на таа функција, екранот на галакси С24 ултра кога е исклучен е целосно црн благодарение на корнинг горила армор, што го намалува отсјајот за 75% и ја подобрува читливоста независно од условите.

Камери

Системот на камери на С24 ултра е фантастичен. Главниот сензор од 200 мегапиксели ги претвора и обичните смртници во мајстори фотографи. Ноќ или ден, фотографиите што ги направив од едноставна прошетка низ градските улици имаат моќ да ги пренесат луѓето на фотографираната локација, да раскажат приказни и да ги замрзнат моментите во времето со неверојатна јасност.

Е сега функцијата спејс зум (Space Zoom)? Тоа е како да ја имаш моќта на шампион во стрелаштво, зумира навидум бесконечно без загуба на квалитетот.

Добредојде во иднината со Галакси AI

Очекував дека вештачката интелигенција во С24 ултра ќе ги учи моите навики, ќе ги предвидува моите потреби, суптилно ќе ме води низ денот правејќи ја секоја интеракција не само интуитивна, туку речиси магична, нешто како многу способен и ефикасен, но невидлив личен асистент.

Така, едит сџешчн (Edit Suggestion) ми предлагаше корекции, на пример да отстранам сенки или рефлексии од снимените фотографии, менување или блур на позадина, поправање на детали и бои, а со џенератив едит (Generative Edit) пробав со генерирана содржина да пополнам дел од заднината, ама мора да се признае, се забележуваат генерираните делови во споредба со остатокот од фотографијата.

Најбрзо се навикнав на функцијата „Заокружи за пребарување“ (Circle to Search), каде што со еден гест добиваш инстант-одговори, па кој нема да се навикне на таква удобност?!

Фасцинирана сум од преведувачките функционалности, иако македонскиот не е поддржан. С24 ултра преведува пораки во избраните апликации за разговор, преведува текст во реално време за време на повик, а има и преведувач за разговори лице во лице, што обезбедува текст и работи слично на Гугл транслејт (Google Translate). Кул, нели?!

По само 7 дена, јасно ми е дека самсунг галакси С24 ултра не е само паметен телефон, туку по извесно време веќе го доживувате како придружник во креирањето интересна животна приказна во која може да бидете воин на секојдневието, поет на дигиталната ера или истражувач на виртуелни области.

Техничка спецификација на галакси С24 ултра:

Екран6.8-инчен* QHD+ Dynamic AMOLED 2X Екран  Super Smooth 120 Hz  стапка на освежување (1~120 Hz)   Vision Booster
Димензии и тежина79 X 162.3 X 8.6 mm, 232 g (Sub6)
ЧипсетQualcomm Snapdragon 8 Gen 3 (4 nm)
Камера
  • 12 MP Ултра широка камера   F2.2, FOV 120˚
  • 200 MP Широка камера OIS F1.7, FOV 85˚
  • 50 MP Телефото камера 5x оптички зум, OIS F3.4, FOV 22˚
  • 10MP Телефото камера 3x оптички зум, OIS F2.4, FOV 36˚

·       12 MP Предна камера F2.2, FOV 80˚

Меморија12 GB+1 TB , 12 + 512 GB,  12 + 256 GB
БатеријаLi-Ion 5,000 mAh
Полнење
  • Жично полнење: Полнење до 65 % за околу 30 минути со адаптер од 45W и 5A USB-C кабел
  • Брзо безжично полнење 2.0

·       Бежичен PowerShar

OS
  • Android 14

·       One UI 6.1

Мрежа и поврзување
  • 5G
  • LTE
  • Wi-Fi 7

·       Wi-Fi Direct Bluetooth® v 5.3

БезбедностУлтразвучен скенер за отпечатоци под екранот
ВодоотпорностIP68 до 1.5 м до 30 мин
Оценка5/5

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ