среда, 23 октомври 2024
МЗШВ

Реализирана исплата за користен сертифициран семенски материјал на сите полјоделски култури, освен тутунот

Објавено на

часот

Сподели

Како што посочуваат од МЗШВ,  корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои пријавиле употреба на сертифициран семенски материјал за производство на пченица, јачмен, пченка, рж, овес, тритикале, хељда, сирак, суданска трева, просо, хмељ, лен, леќа, кикирики, памук, анасон, шеќерна репка, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, фацелија, граор, еспарзета, добиточен грашок, наут, луцерка, и ориз. Преку оваа подмерка се поттикнуваат полјоделците да употребуваат сертифициран семенски материјал, инвестирајќи во квалитетен род и зголемен принос.

Исто така, реализацијата на оваа  исплата  доаѓа  во период кога актуелна е и жетвата на житните и индустриски култури, што дополнително ќе им  помогне во трошоците.

Земјоделците, како што наведуваат, оваа година се сведоци на навремена исплата за сите директни плаќања предвидени од програмата. Уште на почетокот од годината беа исплатени и основните директни плаќања за полјоделски култури, што заедно со исплатата на оваа поддмерка достигнува до 650 милиони денари поддршка за овој сектор.

МЗШВ ги потсетува земјоделците дека во наредниот период реализирана ќе биде и финансиската поддршка за предадени житни и индустриски култури во домашни преработувачки капацитети, како и исплатата за произведени и предадени овошни и градинарски култури. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ