петок, 18 октомври 2024

Реал сомнително преживеа на Мајорка

Објавено на

часот

Сподели

Фудбалерите на Реал Мадрид се радуваа како да освоиле титула по голот на Каљехон со оглед дека Мајорка по Барселона е најнезгодниот тим за „кралевите“, затоа што во последните девет меча островјаните победиле шест пати. За мадриѓаните ова е 22. победа во 23 меча (загубија само од Барселона), по што сега разликата е осум бода во однос на ривалот од Каталонија, Барселона, која утревечер против Бетис го игра својот меч.

Многу анализи ќе бидат направени во следните 24 часа за победничкиот гол на Реал, откако Каљехон погоди дури од трет обид (Дуду Уате ги одбрани ударите на Игуаин и Бензема), затоа што во зачетокот на акцијата имаше контакт на Чико со Карим Бензема, кој Перез Монтеро не го казни. Многу такви дуели претходно секојпат ги судеше како прекршоци во напад, што предизвика бура кај реакција во Мајорка, но и кај Барселона, која очекуваше кикс на ривалот.

Мајорка најави нова победа со голот на Томер Хемад со глава во 38. минута, но им се одмазди играта со бункер, па Гонзало Игуаин во 72 минута израмни, а Каљехон во 85. го направи комплетниот пресврт на мечот. Мајорка сигурно ќе реагира и на неправедно поништениот гол по една контра во почетокот на второто полувреме при водство од 1-0, додека Реал можеше и порано да го реши мечот, но домаќините имаа сојузник во дирекот и на пречката при ударите на Серхио Рамос со глава по корнер и Кристијано Роналдо од над 20 метри.

Рајо Ваљекано победи на гости со 2-1 кај Гранада, додека другите два меча денеска завршија без победник. Севиља и Еспањол играа 0-0, а Сарагоса со Гетафе 1-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ