Реал Мадрид и Флорентино Перез се обидоа да го купат Килијан Мбапе во 2017 година, кога напаѓачот го напушташе Монако, но тогаш Французинот се реши за трансфер во ПСЖ.
„Кралевите“ имаа нов обид летото во 2021 но тогаш ПСЖ одби неколку богати понуди, последната вредна 200 милиони евра, и го задржа напаѓачот.
Се чинеше дека Реал Мадрид во 2022 ќе го ангажира Килијан Мбапе, но фудбалерот беше ставен под силен притисок и во последен момент се предомисли и ја продолжи верноста кон „светците“.
Сепак, ова лето приказната заврши со среќен крај, напаѓачот утрово ги помина редовните лекарски прегледи и стави параф на договорот со Реал Мадрид, Флорентино Перез конечно може да каже дека потпишал со Килијан Мбапе.