Најефикасниот натпревар денеска во Лигата на шампиони се одигра на „Бернабеу“, Реал Мадрид покажа зошто е шампион на Европа.
Со погодоците на Мален и Гитенс, Борусија Дортмунд на пауза замина со предност од 0-2.
Но во продолжението од натпреварот, „кралевите“ направија огромен пресврт. Рудигер и Винисиус Жуниор набрзина донесоа изедначување, а потоа Лукас Вазкез погоди за предност од 3-2 во 83. минута.
Во завршницата, Винисиус Жуниор реализираше уште два пати за хет-трик и славје на Реал Мадрид од 5-2.
Арсенал со минимални 1-0 го совлада Шахтар, а со истиот резултат Штутгарт триумфираше против Јувентус во Торино.
Астон Вила со 2-0 славеше против Болоња, а овој резултат гласеше на уште два натпревари, Жирона на нашиот Бојан Миовски со 2-0 го совлада Слован Братислава, а Спортинг со 0-2 победи против Штурм Грац.
Пресметката помеѓу ПСЖ и ПСВ заврши 1-1.