сабота, 27 јули 2024
Ла Лига

Реал Мадрид загуби од Виљареал, Барса веќе може да почне да ја слави титулата (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид блесна во Купот на Шпанија каде ја победи Барселона на Камп Ноу со 4-0, но во Ла Лига им се случи нов кикс, пораз од Виљареал.

Реал Мадрид поведе во 16. минута со автогол на Торес, а Чукуезе во 39. минута изедначи на 1-1.

По три минути игра во вториот дел Винисиус го врати водството на Реал Мадрид, но Моралес во 70. минута носи нови израмнување, овојпат од 2-2.

Десет минути подоцна втор гол на мечот постигна Чукуезе за водство на Виљареал од 3-2, што беше и конечен резултат.

Барселона својот меч од ова коло го игра во понеделник на свој терен против Жирона, доколку победат ќе дојдат на +15 бодови во однос на Реал Мадрид на десет кола до крајот на сезоната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ