петок, 18 октомври 2024

Реал Мадрид уште сега си договори големо засилување за следното лето, и тоа беспари!

Медиумите од Шпанија пренесуваат за пакт помеѓу Реал Мадрид и Алфонсо Дејвис, левиот бек нема да стави потпис на нов договор со Баерн Минхен и следното лето беспари ќе се пресели на „Бернабеу“.

Објавено на

часот

Сподели

Денешното издание на АС го нaјави Алфонсо Дејвис како прво засилување за „кралевите“ за сезоната 2025/26.

Како што пренесува весникот, левиот бек ќе го одработи договорот со Баерн Минхен ( до јуни 2025) и следното лето беспари ќе се пресели на „Бернабеу“.

Наводно Баерн Минхен побарал 50 милиони евра за продажба на Алфонсо Дејвид ова лето, и Реал Мадрид одбил да плати толку висока сума за играч кој има само уште 12 месеци од договорот, „кралевите“ биле подготвени да одвојат најмногу 35 милиони евра.

Со оглед на тоа дека не можел да биде постигнат компромис, Реал направил пакт со Алфонсо Дејвис, да почека една година и следното лето да пристигне во Мадрид.

Поради тоа што ќе се пресели како слободен играч, левиот бек ќе добие пристоен бонус за потпис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ