сабота, 27 јули 2024

Реал Мадрид убедлив против Виљареал, гол и асистенција за Модриќ (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 4-1 го совлада Виљареал и барем до утре ќе биде на врвот на табелата во Ла Лига.
 

Објавено на

часот

Сподели

Мечот беше отворен во 25. минута кога по една маестрална асистенција на Модриќ, Белингем постигна гол со глава за водство на Реал Мадрид од 1-0.

Десет минути подоцна Алаба поради повреда го напушти теренот. Тоа беше црна дамка во победата на кралскиот клуб.

Брзо потоа Родриго даде гол за предност на Реал Мадрид од 2-0. Со тој резултат се замина на одморот.

По девет минути игра во второто полувреме, Моралес погоди за Виљареал и намали на 2-1. Тоа беше единствениот удар на гостите во рамките од голот.

Во 64. минута Брахим Дијаз со одличен соло продор постигна гол за предност на Реал Мадрид од 3-1.

Четири минути подоцна Лука Модриќ даде гол и ги постави конечните 4-1.

Реал Мадрид сега е на првото место со бод повеќе од Жирона, но тие утре против Алавес го играат својот натпревар од ова коло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ