Килијан Мбапе ја одработува последната година од соработката со ПСЖ, па веќе во јануари може да постигне пред-договор со друг клуб и беспари да го напушти Париз по крајот на сезоната.
Неколку клубови внимателно ја следат ситуацијата, се верува дека Реал Мадрид и понатаму е прв фаворит за потписот на напаѓачот.
Како што пишува АС, „кралевите“ сега ќе имаат поинаков пристап од оној во 2022 година, кога со месеци го бркаа Килијан Мбапе, за на крајот тој да остане верен на ПСЖ.
Реал Мадрид ќе тргне во офанзива на 1. јануари и ќе достави конкретен предлог до Килијан Мбапе, но нема намера да го чека вечно и ќе му даде рок од 15 дена да одговори дали се сели на „Бернабеу“.
Доколку нема никаков одоговор од Французинот, или пак одговорот е негативен, Реал Мадрид ќе го активира планот Б, односно ангажман на Ерлинг Халанд, кој има откупна клаузула која се активира летото во 2024 година.