Кралскиот клуб ќе однесе предност од еден гол на гостувањето на Ванда Метрополитано.
Реал имаше фантастичен старт на мечот, Родриго уште во четвртата минута постигна гол за водство од 1-0.
Во 32. минута Алварез со прекрасен погодок израмни на 1-1. Тоа беше резултатот по првото полувреме.
По десет минути игра во вториот дел Брахим Дијаз изведе една мајсторија на мал простор и даде гол за ново водство на Реал Мадрид, овојпат од 2-1.
Ова беше и конечниот резултат на натпреварот.