сабота, 27 јули 2024

Реал Мадрид се договорил со Мбапе, но мајката на играчот им се јавила минатата недела и…

Објавено на

часот

Сподели

Останување во ПСЖ или преселба во Реал Мадрид е одлуката која Килијан Мбапе треба да ја донесе, се најавува дека Французинот во недела ќе соопшти каде ќе игра следната сезона.

До минатата недела се веруваше дека напаѓачот ќе го облече дресот на „кралевите“ но голем број на извори од вчера почнаа да пишуваат дека во таборот на Реал Мадрид полека почнуваат да стравуваат дека Килијан Мбапе ќе продолжи со ПСЖ.

Како што пишува Марка, преговорите помеѓу Реал Мадрид и Килијан Мбапе добиле на интензитет по осминафиналето од Лигата на шампионите, и полека почнале да се пеглаат деталите. Две точки биле проблематични, односно бонуст за потпис и имиџ правата.

По серија разговори, бил постигнат компромис, Реал Мадрид ќе му плати на Килијан Мбапе бонус за потпис од 130 милиони евра, а Флорентино Перез прифатил историски исклучок и дозволил играчот да задржи повеќе од 60% од имиџ правата, нешто што не му било дадено ниту на Кристијано Роналдо.

Но минатата недела раководството на Реал Мадрид добило повик од мајката на Килијан Мбапе, која им рекла: „Размислуваме…“

На „кралевите“ им станало јасно дека нешто се случило, а како што пренесуваат медиумите, ПСЖ практично му нуди на Килијан Мбапе да биде „газда“ и да го одбере новиот спортски директор, новиот тренер, новите засилувањаа…. Секако „светците“ му нудат и огромен бонус за потпис и огромна плата, бројки кои Реал Мадрид тешко може да ги изедначи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ