Карло Анчелоти шанса им даде на играчите кои беа во втор план, но и со нив Реал Мадрид е пресилен за противникот кој го имаше.
Резултатот го отвори Федерико Валверде уште во петтата минута од натпреварот.
Осум минути подоцна Камавинга зголеми на 2-0, а во 28. минута Арда Ѓулер погоди за 3-0. Тоа беше резултатот од првиот дел.
По десет минути игра во второто полувреме Лука Модриќ зголеми на 4-0, а серијата погодоци ја затвори Ѓулер со својот втор погодок на мечот кој го постигна во 88. минута.