сабота, 27 јули 2024

Реал Мадрид никогаш нема да го ангажира Мбапе и да му го оствари детскиот сон

Објавено на

часот

Сподели

Мбапе беше многу блиску до Реал Мадрид, му имаше дадено ветување на Флорентино Перез дека ќе потпише за нив, но во последен момент се предомисли и го продолжи договорот со ПСЖ.

Постапката на Мбапе ги налутило сите во Реал Мадрид. Дел од шпанските медиуми пишуваат дека не само Флорентино Перез, туку кој и да дојде друг претседател во клубот, нема да тргне по Килијан Мбапе, никогаш.

Емоциите сега се свежи, можеби кога ќе спласнат, ставот на Реал Мадрид ќе се промени, но засега не сакаа да слушнат за Мбапе.

Мбапе од мал бил фан на Реал Мадрид и тоа никогаш не го криел, негов детски сон беше да заигра за кралскиот клуб, но реши најубавите години од кариерата да ги помине во ПСЖ играјќи во француското првенство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ