Единствениот гол кој беше постигнат се случи по нешто помалку од 30 секунди игра кога Галагер ја смести топката во мрежата на Куртоа за водство на Атлетико Мадрид од 1-0.
Во 70. минута беше направен пенал врз Мбапе, шутираше Винисиус но тоа го направи катастрофално, биеше високо над голот.
Немаше друг погодок ни по 120 минути игра, па пеналите решаваа.
А во пенал серијата имаше еден необичен момент кој на крајот се покажа и како клучен. Алварез се лизна, даде гол, но топката ја удри и со двете нозе, па погодокот беше поништен.
За Атлетико промаши и Љоренте, ја погоди пречката, а погодија Сорлот и Кореа.
За Реал Мадрид голови дадоа Мбапе, Белингем,Валверде и Рудигер, промаши Лукас.
Реал Мадрид во четвртфиналето ќе игра против Арсенал.