Гостувањето кај Виљареал беше едно од најтешките за Реал Мадрид во последно време, таму немаа победено цели осум години. Конечно тој пост е завршен.
И овој меч за Реал Мадрид не почна добро, Виљареал поведе уште во седмата минута со гол на Фојт.
Но, не помина долго а резултатот беше комплетно друг.
Најпрво Мбапе во 17. минута израмни на 1-1, а францускиот фудбалер шест минути подоцна погоди за водство на Реал Мадрид од 2-1 што беше и конечен резултат.
Реал Мадрид во моментов е прв со 60 бодови, има три бода повеќе од Барселона и четири повеќе од Атлетико Мадрид, но Каталонците имаат дури два меча помалку.