сабота, 22 јуни 2024

Реал Мадрид ќе се бори за европската титула и во кошарка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Исто како и во фудбал, Реал Мадрид и во кошарка ќе игра европско финале и ќе се обиде да дојде до најголемиот клупски трофеј.
 
Фајнл-фор турнирот од Евролигата се игра во Белград, а синоќа и двата натпревари беа исклучително интересни и неизвесни до самиот крај.
 
Реал Мадрид ја победи Барселона со 86-83. Миротиќ имаше одличен меч за Барса, беше најдобар на теренот со 26 поени и 12 скокови, но неговиот тим загуби. 
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=k7e5CVmJpXc autoplay:0]
 
Анадолу Ефес со кош на Мициќ во последната секунда го победи Олимпијакос со 77-74.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=YEAkBc5Ihi4 autoplay:0]
 
Финалето меѓу Реал Мадрид и Анадолу Ефес се игра во сабота од 19 часот, три часа претходно е дуелот за третото место меѓу Барселона и Олимпијакос.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ