сабота, 27 јули 2024

Реал Мадрид и Бетис одиграа без голови, Леванте доцна се разигра (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мечот почна со двоен шпалир, двата тима си изразија меѓусебна почит за освоените трофеи. Реал Мадрид е шампион на Шпанија, а Бетис го освои Купот на оваа земја.
 
Карло Анчелоти го извади најсилниот состав кој го имаше на располагање, но Реал Мадрид не успеа да го победи Бетис кој одигра одличен меч, особено во првиот дел.
 
Реал Мадрид беше многу поагресивен и поодлучен во вториот дел, имаше неколку убави шанси, но не даде гол. Мечот заврши 0-0.
 
Леванте кој е веќе испаднат, со 4-2 победи на гостувањето кај Рајо Ваљекано. Барди ги одигра сите 90 минути, додека Столе Димитриевски од клупата го следеше овој дуел.
 
Причината на Леванте за испаѓањето од Ла Лига е очајните резултати во првиот дел од сезоната, во финишот имаа многу подобри изданија, но сепак тоа се покажа само како задоцнет финиш.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ