Проектот Суперлига беше најавен во април 2021 година, како основачи се пријавија 12 клубови (Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид и Тотнем), но не издржа ниту 48 часа, под притисок од јавноста, клубовите еден по еден се повлекоа и останаа само Барселона, Реал Мадрид и Јувентус.
Во јули месец оваа година, од проектот се повлече и Јувентус, но Барса и Реал останаа доследни и денеска издвојуваа правна битка, судот во Луксембург им даде зелено светло да формираат Суперлига.
Како што пишуваат медиумите од Шпанија, Реал Мадрид и Барселона ќе добијат неверојатен „бонус за лојалност“ што не се откажале од Суперлигата.
Доколку проектот заживее во 2025 каков што е планот, Реал Мадрид и Барса ќе „лапнат“ и по 1 милијарда евра.