понеделник, 10 март 2025

Реал Мадрид го победи Рајо и го искористи киксот на Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 ја доби пресметката против Рајо Ваљекано, го искористи киксот на Атлетико Мадрид и скокна на второто место на табелата.

Објавено на

часот

Сподели

Реал Мадрид ја доби пресметката со локалниот ривал Рајо Ваљекано, избраниците на Карло Анчелоти славеа со 2-1.

Резултатот беше отворен по половина час игра, Мбапе доби топка во фор, си направи простор за шут и погоди на подалечната статива за 1-0.

Само четири минути подоцна Винисиус реализираше за 2-0, Бразилецот долго време ја имаше топката во свои нозе, во еден момент се чинеше дека одбраната на Рајо ја има ситуацијата под контрола, но напаѓачот убаво исфрли двајца противници и ја затресе мрежата.

Во судиското надополнување на првиот дел, Педро Дијаз прекрасно погоди од врвот на шеснаесетникот за 2-1 и најави неизвесно второ полувреме.

Сепак, продолжението од натпреварот не донесе нов гол, Реал Мадрид гледаше само како да го приврши мечот, домаќините во завршницата често грешеа па добија и свирежи од публиката за недоволното залагање.

Рајо не умееше како да го изненади фаворитот, па трите бода останаа на Бернабеу.

Претходно, Атлетико Мадрид киксна на гостувањето кај Хетафе. Избраниците на Симеоне поведоа со 0-1 со голот на Сорлот во 75. минута, но примија два гола во период од 4 минути во финишот од мечот и на крајот домаќините се радуваа на триумф од 2-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ