сабота, 27 јули 2024
Куп на Шпанија

Реал Мадрид го освои Купот на Шпанија, Родриго е херојот на кралскиот клуб (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Натпреварот почна идеално за Реал Мадрид, уште во втората минута по асистенција од Винисиус, Родриго даде гол за водство на Реал од 1-0.

Во тие моменти се чинеше дека кралскиот клуб лесно ќе дојде до победата, но не беше така.

По 13 минути игра во второто полувреме, Торо го изедначи резултатот на 1-1.

Во 70. минута повторно Родриго стапи на сцена, постигна нов гол, донесе ново водство за Реал Мадрид, овојпат од 2-1, а тоа беше и конечен резултат на мечот.

Фокусот на Реал Мадрид сега оди кон Лигата на шампионите каде во вторник го почнуваат полуфиналниот дуел со Манчестер Сити.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ