петок, 18 октомври 2024

Реал има комплекс од Барса

Објавено на

часот

Сподели

Барселона одново го искомплексира Реал во новото, 217 по ред, „Ел Класико“, и тоа по исто сценарио, како пред еден месец во првенствен меч од Примера-дивизија. И тогаш и сега голманска грешка ги почести домаќините со погодок за водство, а потоа на сцена стапи тимската „тика-така игра“ за пресврт. Интересно е што овојпат дефанзивците на Барса го решија „кралскиот клуб“.

Карлес Пујол го постигнува голот за израмнување

Вториот голман Пинто лошо го процени ударот на Кристијано Роналдо во 11. минута и го дигна на нозе „Бернабе“, но водството не ги потресе премногу Каталонците. Својата шанса ја дочекаа веќе на стартот на вториот дел, кога капитенот Карлес Пујол погоди со глава во 48. минута по корнер на Чави Ернандез, а подоцна Ерик Абидал во 72. минута по фантастичното додавање на Лионел Меси.

Во темпераментното дерби, кое донесе 11 жолти картони (7-4 за Реал) и во кое повторно предничеше грубата игра на Пепе, двапати дирек погоди Барселона преку Алексис Санчес и Андрес Иниеста, а Карим Бензема на другата страна исто така немаше среќа поради дирекот на голот.

Со оваа победа Барселона се израмни по бројот на триумфите во дербијата (по 86), а Лионел Меси победнички го прослави 300. меч во дресот на Каталонците, иако освен асистенцијата за победа, имаше многу тивка ноќ. Реваншот се игра идната среда, исто така од 22 часот на „Камп Ноу“, а Барса веќе е со една нога во полуфиналето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ