сабота, 27 јули 2024
Ла Лига

Реал го совлада Хетафе и се врати на врвот, но проблем може да биде повредата на Ридигер (ВИДЕО)

Реал Мадрид се врати на врвот во Ла Лига откако вечерва со 0-2 славеше на гостувањето кај Хетафе, Хоселу со два гола донесе три бода.

Објавено на

часот

Сподели

Во заостанатиот натпревар од 20. коло, Реал Мадрид го доби малото градско дерби против Хетафе и се врати на врвот во Ла Лига.

Хоселу со два гола ги предводеше „кралевите“ до нови три бода. Напаѓачот го отвори резултатот во 14. минута, по центаршутот на Лукас Васкез, со глава ја затресе мрежата за 0-1.

Победата беше осигурана по десетина минути игра во второто полувреме, Хоселу доби топка од Винисиус, убаво си направи простор за шут и од врвот на шеснаесетникот биеше прецизно за 0-2.

Проблем за Карло Анчелоти е повредата на Ридигер, кој мораше да биде заменет на полувремето, Италијанецот од претходно не може да смета на Милитао и Алаба, па доколку и Германецот го чека долга пауза, тоа ќе биде сериозен удар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ