„Кралевите“ денеска го претставија новиот домашен дрес, белата боја доминира, со црни детали, односно логото на Адидас, трите линии на ракавите, како и спонзорите Флај Емирејтс и ХП.
Почетната цена на дресот изнесува 100 евра, а оние кои сакаат автентична верзија (како онаа на фудбалерите), ќе треба да одвојат околу 150 евра.
Сепак, навивачите добија една разочарувачка вест, во моментов не можат да купат дрес од големото летно засилување Килијан Мбапе, кој сигурно ќе биде најбаран.
Презимето на Французинот не е дел од понудената листа, а ниту пак може да се користи како персонализирана опција.
Се верува дека причина за ова е тоа што се уште не е јасно кој број ќе го носи Килијан Мбапе, и покрај тоа што се упатува на тоа дека напаѓачот ќе ја добие „9-ката“.
View this post on Instagram