недела, 20 октомври 2024
Големиот турски талент се сели во Мадрид

Реал го потврди трансферот на Арда Ѓулер, ќе платат многу повеќе од откупната клаузула

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ попладнево го соопштија трансферот на талентираниот Арда Ѓулер од Фенербахче.

„Реал Мадрид и Фенербахче го договорија трансферот на Арда Ѓулер, кој ќе стави потпис на шестгодишен договор“ – гласеше известувањето на клубот од „Бернабеу“.

Интересот за Арда Ѓулер беше голем, а Реал Мадрид за да ја победи конкуренцијата плати многу повеќе од откупната клаузула вредна 17,5 милиони евра.

Фенербахче брифираше дека зделката е вредна 20 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси, плус 20% од следната продажба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ