среда, 21 февруари 2024
Обраќање на директорката на МСМЈЛК при УКИМ

Реактивиран Лекторатот по македонски јазик во Тирана, македонскиот и албанскиот јазик си подадоа рака

Македонскиот и албанскиот јазик си подадоа рака и отворија мостови за високообразовна, научна и културно-дипломатска соработка меѓу две добрососедски земји и култури. Градиме мост од зборови и дела меѓу две култури, истакна во своето обраќање денеска проф. д-р Кристина Николовска, директор на Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при УКИМ во Скопје, на свеченото отворање на Лекторат по македонски јазик, литература и култура во Тирана во Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

Николовска на свечената церемонија во своето обраќање во Тирана посочи дека гордост, чест и радост е да се говори на македонски јазик на Универзитетот во Тирана. Таа посочи дека Македонија и Албанија се среќаваат како културни и цивилизациски трезори на Европа, отворени за соработка и просперитет и преку мисијата на МСМЈЛК при УКИМ во Скопје.

„Денес македонскиот јазик одекна од Тирана. Денес е празник на македонистиката на Универзитетот во Тирана. Денес Денес е светол и голем ден за македонистиката во светот – Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ официјално отвора Лекторат по македонистика на Универзитетот во Тирана. На овој свечен ден отвораме мост на синергија. Денес подаваме рака – не само два универзитета, два јазика, туку и две соседни земји и две култури. Мостуваме – а мостот е симбол на премин од минливост во вечност“, рече Николовска.

Лекторатот по македонски јазик во Тирана се реактивира од 2015, по дејност од седум години. Радува големиот интерес на студентите од Универзитетот во Тирана за изучување на македонски јазик, литература и култура. По иницијатива на директорката Николовска, Лекторатот промотивно ќе одржува и бесплатен онјлан курс за сите студенти на Универзитетот во Тирана. Македонскиот јазик ќе почне да се изчучува во училниците и амфитеатрите на Универзитетот во Тирана од 5 февруари, засега се пријавени 18 студенти кои ќе следат почетен курс по македонски јазик, а пријавувањето се уште е во тек.

На свечената церемонија пригодни обраќања имаше и ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” проф. д-р Биљана Ангелова, ректорот на Универзитетот во Тирана проф. д-р Артан Хоџа, деканката на Факултетот за странски јазици проф. д-р Есмералда Кромида и македонскиот амбасадор во Албанија Данчо Марковски, а пристапно предавање имаше новоизбрана лекторка по македонистика во Тирана д-р Славица Свидерска.

Ректорката на УКИМ Биљана Ангелова настанот го оцени како чекор напред за развој на македонистиката во светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ