петок, 18 октомври 2024

Реакција на одбраната на Жан Митрев: За 10 дена треба да прочитаме 10.000 страници

Објавено на

часот

Сподели

Во постапката по жалба против решението за блокада на сметките на клиничката болница „Жан Митрев“, по поднесувањето на жалбата и доставување на предметот на одлучување до Апелациониот суд Скопје, обвинителството достави дополнителен писмен доказ кој не е доставен до одбраната, а решението на Апелацискиот суд за одбивањето на жалбата се повикува токму на тој доказ.
На одбраната дури не ѝ е доставено ни мислењето на Вишото јавно обвинителство Скопје, а тоа се повреди кои судовите не може да не ги знаат бидејќи се опфатени со пресуди на Врховниот суд на РСМ и на Европскиот суд за човекови права.
И сега, во период меѓу одлагање на рочиштата, за проучување на доказите доставени од обвинителот на повеќе од 10.000 страници пишан материјал и голем број содржини во електронска форма, на одбраната ѝ се оставени само 10 работни дена (дозволен увид 4 часа во денот) во кој рок е и подготовката на одбраната, поради што и со писмено барање адвокатите се обратија да се пренасочи судењето, но судот на тоа не одговори.

Дали се ова значи дека замислата е Жан Митрев да биде осуден по кратка постапка, па поради тоа не се почитуваат основните права на одбраната“, прашуваат од одбраната на Митрев.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ