сабота, 27 јули 2024

Реакции на експерти, судот мораше да одреди притвор за Беким Незири

Тој што го напишал ова образложение на судот под итно треба да биде разрешен бидејќи очигледно не го познава казненото право, не го познава битието на самото кривично дело, изјави професорот Владо Камбовски за ТВ Сител по реакцијата на Кривичниот суд за тоа зошто не одредил мерка притвор за осомничените за упадот во кулата за контрола на летање, меѓу кои е и Беким Незири, екс-министер, поранешен директор и актуелен претседател на огранокот на ДУИ во Чир.

Објавено на

часот

Сподели

На релацијата Јавно обвинителство – Кривичен суд јавноста беше сведок на реакции на реакциите на овие две институции обвинувајќи се кој е во право. ЈО предложи притвор за озомничените за упадот, Кривичниот суд ова не го прифати, по што следуваа меѓусебните обвинувања. Судот тврди дека обивнителството не дало доволно докази дека делото навистина е направено од осомничените и дека има тешки последици по безбедноста на авиосообраќајот. ЈО веднаш реагираше велејќи дека имало доволно докази за притвор на осомничените.

Според адвокатот Тони Менкиноски, судот дава различни интерпретации во различни случаи и дека овој пат мотивите да не одреди притвор се етнички и политички. Недозволиво е за вакво кривично дело да не се определи притвор, ова е скандалозно само затоа што се работи за личност од политичкиот естаблишмент од актуелната власт, вели Менкиновски.

На својот фејсбук-профил реагираше и адвокатот Јанаки Митровски.

„Основна задача на судија на претходна постапка е да утврди минимум основано сомнение. Иако судот формално е во право, тоа не е причината за одбивањето на предлогот за притвор, затоа што во тој случај не треба никакви мерки да се определат. Цела Македонија знае дека судот има двојни аршини, едни кога се работи за обични граѓани, други кога се работи за политички и економски моќни“, напиша Митровски.

Професорот Борче Давитковски во разговор за ТВ Телма вели дека владата доцни со разрешувањето на директорите и Управниот одбор на М-НАВ, на седницата закажана за дури задутре. Според него случувањата во Контрола на летање се само последица на партизираноста на институциите во државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ