сабота, 19 октомври 2024

Реакции: Зомбите во парламентот одработија за наредбодавачите и Митилинеос

Зомбите во парламентот штотуку со 58 глас „за“ го изгласаа законот за давање на гасната централа на Митилинеос без тендер, со сите негативни реперкусии за коишто зборувавме деновиве. Решиле да одработаат за своите наредбодавачи, а нас, граѓаните на Македонија да нé изложат на зголемени трошоци наредните најмалку 20 години, реагира на својот фејсбук-профил професорот Дејан Трајковски по денешното гласање во Соберанието за стратешкиот инвестициски проект Митилинеос когенеративна постројка Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

„Во овој момент се колнам дека до крајот на животот не сакам да слушнам и нема никогаш да гласам за СДСМ, а им оставам аманет на идните генерации да не заборават за сите штети што ни ги направија и никогаш повеќе да не гласаат за оваа штеточинска партија.

На проклетниците најпрво им посакувам катастрофално да изгубат на наредните парламентарни избори, а потоа што побргу да престанат да постојат како политичка партија и засекогаш да исчезнат од политичката сцена на државата.

Списокот на штети што го направиле од осамостојувањето до денес кон својот народ и држава е подолг, но ова со енергетскиот криминал е капката што конечно ја прелеа чашата. Иако не сум партиски определен и колку и да се трудев да задржам избалансиран став кон сите политички партии, ова навистина е премногу и не можам да го проголтам“, напиша Трајковски.

Да биде јасно, ова е подарок од 50 милиони евра за потенцијалниот стратегиски партнер, а не заем, пишува професорот Константин Димитров.

„Дали навистина овие проекти со стратегиски партнери (Бехтел и Енка, Митилинеос) се со двојно повисоки вредности на инвестициите, за да можат сегашните партии во Владата да обезбедат коруптивни средства потребни за парламентарните избори? За да се обезбедат дополнителни 50.000 гласа?“, прашува професорот Константин Димитров.

Пред гласањето во Собранието, на штетноста на овој договор предупредија и македонските инженери кои ги повикаа пратениците да не гласаат за енергетска зависност на Македонија

Здружението инженери на Република Македонија поддржани и од група граѓани соопшти дека е упатен допис до секој пратеник поединечно, со барање да не се даде поддршка на неколку, како што е наведено, штетни предлог закони кои го нарушуваат енергетскиот суверенитет на Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ