сабота, 27 јули 2024

„Ре-Медика“: Убиениот лекар не е вработен кај нас

Прва приватна општа болница „Ре-Медика“ соопшти дека лекарот кој што беше најден избоден не е вработен во нивната болница.

Објавено на

часот

Сподели

„Првата приватна општа болница „Ре-Медика“ ја информира јавноста дека немилиот настан во кој, според информациите објавени од МВР, е пронајдено мртво лице, лекар, пред здравствената установа Железара, не е вработен во „Ре-Медика“. Во неколку медиуми утрово „Ре-Медика“ беше споменувана во контекст на овој настан. Во интерес на точното информирање на јавноста сакаме да потенцираме дека „Ре-Медика“ не е поврзана со настанот, за кој жалиме и упатуваме искрено сочувство. Ве молиме да ги користите официјалните информации од надлежните институции, како МВР и ЈОРСМ“, се вели во соопштението на приватната болница.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ