недела, 20 октомври 2024

Разврската во нашата група во фокусот на јавноста

Објавено на

часот

Сподели

Откако Словенија со победата на Унгарија и помогна на Хрватска да обезбеди полуфинале, а Шпанија преетходно со победа сама си го визираше билетот меѓу најдобрите четири, остана само едно нео0дговорено прашање, кој од нашата група ќе им се придруши на овие две селекции, плус домаќинот во трката за одличја. Германија ја има пол-позицијата, затоа што сама решава за себе, и победа над Полска, ќе ги води „панцирите“ кон полуфинале. Полска може да се надева на полуфинале само со победа над два гола и кикс на Данска, а светскиот вице првак, пак, на триумф и помош од Полјаците.

Шанса чека и Македонија иако единственото сценарио е само теоретско и тешко остварливо, но потребни се триумфи на Полска до два разлика и победа на Шведска, за триумфот над Србија да донесе историско полуфинале. Калкулациите најавуваат возбудлив последен ден во групите од главната фаза, па откако вчера втората група доби разрешница, останува фокусот на јавноста во нашата група.

Денеска на програмата се сите мечеви од последното трето коло, па во Нови Сад играат Франција – Исланд (16.10), Шпанија – Словенија (18.10), Унгарија – Хрватска (20.10). Во нашата група распоредот е Полска – Германија (16.15), Данска – Шведска (18.15) и  Македонија – Србија (20.15).

На табелата во нашата група Србија има 7 бода, следи Германија со 5, Данска со 4, Македонија 3, Полска 3 и Шведска 2. Во другата група, Шпанија е прва со 7, Хрватска има 6, следат Словенија со 4, Унгарија со 3, Исланд и Франција со 2.

Разврската утре ќе ги даде и двата полуфинални дуели кои в петок ќе играат за место во финалето, а едно е сигурно Европа ќе добие нов владетел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ