сабота, 27 јули 2024

Разузнавачки извори: Хезболах би можел да изврши напади во САД

Американските разузнавачки агенции се сомневаат дека припадници на Хезболах би можеле да извршат напади во Соединетите Американски Држави или да нападнат американски дипломати во странство, пишува Политико, повикувајќи се на функционери кои се запознаени со разузнавачките информации.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Функционерите веруваат дека „милитантната група поддржана од Иран веројатно прво би го целела американскиот персонал на Блискиот Исток“.

„Американските разузнавачки агенции собираат податоци за Хезболах кои сугерираат дека би можеле да извршат напади и на американските трупи или на дипломатскиот персонал во странство. Шансите за напад на американско тло исто така растат како што тензиите во регионот ескалираат“, додава Политико.

Меѓутоа, функционерите одбиле да ги наведат конкретните видови напади кои Хезболах би можел да ги изврши. Според нив, Хезболах има „широка меѓународна мрежа која би ѝ овозможила на групата да ги користи своите оперативци за да изврши напад во Соединетите Држави“. Разузнавачките агенции сметаат дека други групи во регионот немаат такви капацитети.

Политико истакнува дека напад во САД или напад на американските трупи и дипломати во странство би бил удар на администрацијата на претседателот Џо Бајден. „Тоа исто така веројатно би го привлекло Вашингтон назад на Блискиот Исток во момент кога се обидува да ги фокусира своите ресурси за националната безбедност на спротивставувањето на Кина и Русија“, заклучува Политико.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ