сабота, 27 јули 2024

Разузнавачи: Русите во три месеци војна имаат загуби како во 9 години војна во Авганистан

Објавено на

часот

Сподели

Комбинацијата на „лоша тактика, ограничена воздушна поддршка и недостаток на флексибилност“ и команден пристап кој се карактеризира со „подготвеност да се повторуваат грешките“ доведоа до големи човечки загуби кои продолжуваат да растат во офанзивата на Донбас, се вели во утринскиот извештај на британските разузнавачи.

Руската јавност во минатото покажа дека е чувствителна на загубите во војните. Со порастот на загубите во Украина тие ќе станат уште поочигледни, а незадоволството на јавноста од војната како и подготвеноста тоа јавно да се каже може да се зголеми, се вели во извештајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ