„Почитувани членови и симпатизери на ДУИ од Гостивар, во 2020 година бев назначен за државен секретар во Министерството за труд и социјална политика од страна на раководството на огранокот од Гостивар, кога претседател беше Башким Хасани, на кого сакам јавно да му се заблагодарам за укажаната доверба во тоа време за јас, како член на ДУИ, да бидам политички претставник во оваа институција, каде што се обидов за овие две и пол години да дадам сѐ од себе и да бидам на располагање на општеството и политичката структура.
Во оваа прилика сакам да ве информирам дека од вчера повеќе не ја вршам функцијата државен секретар во Министерството за труд и социјална политика и тука вреди да се нагласи дека единствена причина поради која сум разрешен од оваа функција е јавната поддршка за различното мислење во партијата.
Ниту една форма на политички реперкусии нема да ме спречи да го искажам слободното мислење и да поддржувам мислења за кои сметам дека се од полза за општеството.
Продолжувам да ја поддржувам и да бидам дел од ‘огнената група’ и дел од тоа мислење кое, според мене, е од корист и за општеството, но и за ДУИ“, соопшти Ејупи.